Белград: Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави дека Соединетите Американски Држави не дале позитивна одлука во врска со Нафтената индустрија на Србија (НИС), што може да доведе до прекин на работата на рафинеријата во Панчево.
Вучиќ истакна дека руските сопственици не сакаат да го продадат својот удел во компанијата, а Србија веќе дала дозвола за затворање на рафинеријата, јавуваа српските медиуми.
Што се однесува до НИС, немаме добри вести. Очекувавме да добиеме лиценца за продолжување на снабдувањето со нафта на нашата рафинерија во Панчево, но не добивме позитивна одлука, рече Вучиќ по состанокот со тимовите за енергетска стабилност и безбедност на земјата.
Недвосмислено е дека Русите не сакаат да продаваат и дека не сакаат да бидат продадени, и тоа е нивно право – тие се сопственици, но ние имаме многу проблеми со тоа. Исто како што Американците не се заинтересирани за ништо друго, освен за своите интереси. Засега само Србија страда, ќе видиме како ќе биде, додаде тој.
Како што објасни, ресорниот министер ќе го информира НИС дека нема индикации оти САД ќе издадат лиценца, што ќе предизвика рафинеријата да престане да работи.
Додека ја држат во топол промет, тие губат 370.000 дневно и нивна работа е кога сакаат целосно да ја исклучат рафинеријата, што се однесува до српската страна – ние дадовме дозвола за затворање на рафинеријата, рече Вучиќ додавајќи дека НИС ќе одлучи дали ќе престане да работи денес или во наредните денови.

