Published: Tuesday, June 13, 2017 11:19
Неколку лица се повредени утрово во вооружен инцидент на железничката станица во близина на Минхен, а едно лице е приведено, соопшти полицијата.
Баварското јавно радио, повикувајќи се на полициски извори објави дека најверојатно не се работи за терористички напад.
Портпаролот на полицјата рече дека нема опасност за граѓаните.
АП јави дека инцидентот се случил на станица на метро во предградието на Минхен за време на полициска проверка, но не се прецизира дали оружејто го употребила полицијата или осомничениот.
Според изјавите на сведоци кои ги пренесе минхенскиот весник Меркур осомничениот наводно го зел пиштолот од полицаец и пукал во неа и притоа повредилуште неколку лица.




