Published: Sunday, June 12, 2016 11:40
Во вооружен напад во ноќен клуб во Орландо, Флорида рано утрово повредени се најмалку седум луѓе.
Локалната полиција го обезбедила клубот Пулс во центарот на градот и ги повикала жителите да останат во своите домови. Наводно, пред кубот полицијата открила и експлозивна направа.
Засега не се познати причините за пукањето во еден од најпознатите геј барови во Орландо.
Пукањето започнало околу 2 часот по полноќ, додека најголем број од присутните на латино- вечерта танцувале на подиумот. Дел од нив биле држени и како заложници од напаѓачот.
Очевидци тврдат дека пукањето не звучело како од обичен пиштол, туку било рафално.




