Published: Friday, November 24, 2017 18:57
Една од најфреквентните метро станици во Лондон е евакуирана, откако беше пријавен инцидент.
На местото на настанот се присутни вооружени полицајци, кои ја пребаруваат метро станицата.
Кон местото на настанот се упатени и возила на брза помош и противпожарни возила. На метро станицата каде се случил инцидентот не запираат возовите. Полицијата соопшти дека е затворена и улицата „Бонд“.
Очевидци тврдат дека луѓето панично бегаат од местото на настанот. Полицијата побарала од луѓето да влезат во блиските кафулиња и продавници и да останат таму.
Корисник на Твитер напиша дека луѓето бегаат од станицата „Оксфорд Сркс“ и извикувале „бомба“.




