Едно 15 годишно момче е убиено, а друг тинејџер е тешко повреден во вооружен напад на плоштад во градот Малме, соопшти шведската полиција.
Локалната полиција наведе дека непознати напаѓачи синоќа отвориле оган во пицерија, а според очевидци тие веднаш побегнале со велосипед од местото на инцидентот.
Нападот се случил само неколку минути по експлозија на автомобил бомба во друг дел на Малме.
Полицијата не потврдува поврзаност на двата инцидента и сè уште не се идентификувани осомничените во двата случаја.