УЕФА: Вардар против Копенхаген во Скопје, на дисциплинска во Нион

Одобрено е барањето на македонскиот шампион да биде домаќин на данскиот на „Телеком арена“, но истото беше условено со промена на редоследот на мечевите поради европскиот Суперкуп. Па, наместо во гости, „црвено-црните“ во првиот меч ќе бидат домаќини во вторник (20 ч.), реваншот е во ист термин на 2 август на „Паркен“ стадионот. Истовремено клубот е предаден на дисциплинска по пет основи што како организациски пропусти беа нотирани во извештајот на делегатот во натпреварот со Малме

Фудбал, ЛШ: Вардар го елиминира Малме и се најави во Копенхаген

Македонија, конечно, дочека прва победа и пласман во наредна квалификациска рунда на свој претставник во Лигата на шампиони. Постот што траеше повеќе од една деценија (2006 година) го прекина Вардар кој во реваншот го совлада Малме со 3:1 и се најави на двомеч со, најверојатно, данскиот тим во третото коло

Познати двојките за 3 коло и во ЛШ: Вардар преку Малме до Копенхаген

Македонскиот фудбалски првак би играл со победникот од двомечот меѓу Жилина и Копенхаген доколку успее да го мине Малме. „Црвено-црните“ имаат одлични 1:1 од „Сведбанк арена“ во средата пред возвратниот дуел на стадионот „Младост“ во Струмица, Данците како гости го совладаа словачкиот претставник со 3:1

Непоразени на европски север: Вардар носи 1:1 од Малме

Македонскиот првак ремизира со шведскиот во првиот меч од второто квалификациско коло за Лигата на шампиони. „Црвено-црните“ поведоа со 63 минута преку Николов, домашните израмнија во 75 со голот на Брорсон. Реваншот е по седум дена во Струмица