Published: Tuesday, August 6, 2019 10:05
Непознат маж ноќеска пукал во ноќен клуб во северниот дел на канадскиот град Торонто, при што седум лица се ранети, информира локалната телевизија Глобал њуз, повикувајќи се на информации од полицијата.
Инцидентот се случил вчеравечер во клубот „Зона 45“.
Според полицијата, еден од повредените се наоѓа во критична состојба.
Според менаџментот на клубот, за време на пукањето во клубот имало околу 250 луѓе.
Очевидци изјавиле дека на пукањето му претходела кавга меѓу посетители на ноќниот клуб, но полицијата се уште не дава информации за осомничениот напаѓач.
-Поради големиот број очевидци, случајот најверојатно ќе биде брзо расчистен, рече шефот на градската полиција Марк Сондер.




