Published: Friday, January 16, 2015 14:15
Вооружено лице во моментов држи во заложништво двајца, во пошта во преградие во северозападниот дел на Париз, пренесува британски „Телеграф“.
Вооружениот не се поврзува со тероризам и е добро познат на полицијата поради своето криминално досие. Според полицијата, која во моментов преговара со него, тој изведувал „вооружен грабеж“.
Тој самиот ја повикал полицијата напоменувајќи дека е „вооружен, има гранати и калашников“, пренесува АФП.
Според информациите на полицијата се работи за „ментално нестабилно лице кое дејствува по прекината љубовна врска“.
Областа е затворена, а полицијата ги опколила канцелариите на поштата во преградието Коломб.
Инцидентот се случува на булеварот Генерал де Гол.




