Кога целиот свет би гласал за новиот претседател ан САД, Доналд Трамп би бил сигурен победник.
Ова го покажуваат резултатите на веб страницата „Ворлдвајд воут“ кој овозможува гласање за Трамп или за Хилари Клинтон, а според кои републиканецот на однова на 364.693 гласа има убедлива предност од 12 проценти пред Клинтон. Сајтот автоматски ја препознава ИП адресата на корисникот и со тоа го регистрира во државата од која гласал.
Интересно е дека републиканецот е популарен речиси насекаде во светот, освен во Индија, Кина и Мексико, пред се поради неговите изјави во врска со овие земји.
Но доколку се има предвид дека Индија и Кина се речиси третина од светската популација, и благодарение на нив Клинтон има 44 проценти поддршка на овој сајт, се добива впечаток дека Трамп е далеку попопуларен од некогашната прва дама на САД во речиси секој дел од светот.
Што се однесува до Балканот, дури 92 проценти од Србите кои гласале и го поддржале Доналд Трамп, додека во Црна Гора тој број изнесува 84 проценти, во БиХ 82 отсто, во Хрватска 80 отсто, во Словенија 75 проценти, а во Албанија 66 отсто од оние кои гласале.
Друг интересен податок е дека во повеќето земји од ЕУ контроверзниот мултимилијардер е далеку поприфалтива опција од Клинтон. Така, Трамп во Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија има над 60 проценти поддршка. Италија, Шведска и Данска, пак, ја поддржуваат Клинтон.
Според податоците на овој сајт, Трамп и кај американските гласачи има поголема поддршка од Клинтон, или 53 за Трамп, наспроти 47 проценти поддршка за Клинтон.






