Воспоставена е контрола над крузерот чии мотори откажаа вчера во близина на норвешкиот брег. Според норвшеката крајбрежна стража, ставени се во функција три од четирите мотори и бродот со помош полека се доближува до пристаништето.
Евакуацијата е прекината, а досега се спасени 460 од 1373 луѓе на бродот, јави ДПА.
На крузерот „Викинг скај“, му од откажаа моторите близу брегот на Норвешка кога вчера доцна попладне испратил повик за помош. мат Спасувачките екипи ноќеска и утринава ги евакуираа патниците во ситуација на силно невреме и бранови високи осум метри.
Во акцијата за спасување учествуваат пет хеликоптери и неколку спасувачки бродови, а еден од бродовите исто така имал проблеми со моторот, така што два хеликоптери биле пренасочени за спасување на екипажот од тој брод.
Повредени се 16 патници од кои тројца се во критична состојба. Тие се превезени во болница, соопшти полицијата.
Патниците кои се спасени сведочат дека прозорците на бродот се искршени, а водата влегува внатре. Крузерот се наоѓа на 2,5 милји од копното.






