Весна Костовска: Во врска со автентичноста на знамето со сонцето од Кутлеш, што денес го веат коњаниците на патот кон Крушево:
,,Знамето на Крушевската чета, денес е изложено во Меморијалниот музеј на Крушевската Република во Крушево. Тоа е реконструирано според описот што ни го оставил Никола Киров Мајски, инаку познат крушевски револуционер и активен учесник во настаните од 1903 година што се случувале во градот и околината. Ова знаме било направено од црвена свилена ткаенина, опшиена со жолта срма во димензии 1,25 × 77 цм. На средината со блескаво жолта свила се извезени две раце што се ракуваат над палмов венец, а зад рацете има запален факел, извезен исто така, со жолта свила”.
(Ѓорѓе Миљковиќ ,,Илинденските револуционерни знамиња и печати” издание на Менора, 2003).
Извор: Фејсбук



