Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Востание на уметниците

0
By Нова ТВ on October 17, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 17, 2013 10:47


Цивил и „Проговори!“ – проект на уметниците за човекови права и солидарност најавуваат отворање на четири мултимедијални изложби истовремено, в петок, на 18 октомври во Мултимедијалниот центар Мала Станица, со почеток во 20 часот. Овој потфат на Цивил се подготвува од април оваа година, кога започна проектот со поддршка на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Досега се одржаа неколку јавни настани, вклучувајќи прес конференции, поетски перформанси под заедничко име „Стихови на слободата“, една дебата на тема „Улогата на уметниците во одбрана на човековите права“ и изложбата на Мирослав Стојановиќ – Шуки под наслов „Емпатија за мртвите“ (27 септ. – 17 окт., клуб Менада).

Четирите изложби кои се отвораат в петок се своевидно визуелно востание на неколку уметници чии дела се инспирирани од стремежите за човекови права. Овој настан е редок обид за враќање на општествената одговорност која по дефиниција ја имаат уметниците и интелектуалците во едно општество. Маја Стефановска, Харалд Шенкер, Александра Маја Милошевиќ и Џабир Дерала се авторите кои преку своите дела ќе „проговорат“ пред јавноста.

Маја Стефановска се претставува со мултимедијалната изложба „Молк“ која се состои од слики (масло на платно) и премиерно прикажување на истоимениот краток филм. Харалд Шенкер се претставува со изложба на фотографии насловена „Хјуман Рајц“. Александра Маја Милошевиќ настапува со изложба на слики (комбинирани техники) под наслов „тсончевоЧ“ (човечност – обратно). Џабир Дерала ќе се претстави со мултимедијалниот арт проект „Ние сме вистината“ која се состои од инсталации во просторот, визуелна поезија, перформанс и видео-арт.

Сите автори се претставуваат со сопствени уметнички визии за општеството во кое гласот на уметниците е мутиран, а нивната општествена позиција е извитоперена и подредена на дневната политика и борбата за власт.

На почетокот на проектот, Цивил го објави манифестот „Проговори!“ со кој на уметниците им се обраќа со зборовите: „Ти растеш и се развиваш, оставаш траги на слободата и храброста зад себе. Ти никогаш не си сам-а. Твоите мисли и твоите дела, твоите креации се твои придружници. Не ти се потребни признанија од оние што вршат злосторства над убавината, оние што не разбираат ништо поинакво од моќта на парите и насилството. Спротистави им се со креативноста и човечките вредности. Ова е повик за солидарност меѓу оние што носат промени во светот со самото тоа што се. Ова е повик за ослободување на мислата. Повик за Акција. Проговори!“

Сега, проектот „Проговори!“ може да се гордее со низа мултимедијални и медиумски настани и продукција со која голем број уметници ја разбија тишината.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.