Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пијан возач ми го зеде синот, а сега е на слобода, мајката на Кико бара правда за сите жртви на несовесни возачи

0
By НОВА ТВ Mitreska on April 15, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 15, 2022 13:35

Христијан беше ангел што одеше по земја, дваесет години го чував, се запиша на факултет, за да ми го земе пијаница кој сега е на слобода, а за мојот син ми велат нека почива во мир, како да почива во мир кога детето е убиено, расплакана и облеана во солзи не потсети на трагичниот настан од пред шест години мајката Данче Крстевска.

Таа со транспарент во рацете на кој беа испишани имињата на сите млади жртви во сообраќајни незгоди дојде на протестот пред Кривичниот суд да ја сподели својата болка, но да оддаде сочувство и поддршка за растреперените од болка родители на младата Викторија Николова чиј живот згасна на 20 јануари во сообраќајката кај Сити мол во Карпош.

– Чуваме деца за да ни ги газат по улиците, мојот син беше велосипедист, а беше прегазен на 20 септември од пијан возач со три промили алкохол во крвта. Тој ја одлежа казната од четири години и сега е на слобода, а јас го изгубив мојот син. За каква правда да зборуваме, кога пијаницата кој прво беше осуден на осум години затвор, откако се жалеше одлежа четири и сега е слободен и седи дома, низ солзи зборуваше мајката на Христијан кој загина кога во момчето удрил со автомобил скопјанец под дејство на алкохол во скопската населба Гоце Делчев  на локалниот пат кон Петровец.

Според наодот на стручните лица во моментот кога се случила оваа сообраќајната несреќа возачот го управувал возилото со 2,43 промили алкохол во крвта и со неприспособена брзина. Тој не се придржувал кон прописите за учество во сообраќајот, а во моментот на незгодата  бил со битно намалена пресметливост и тежок степен на пијанство. Возилото го управувал во насока од Велес кон Скопје, со недозволена и неприлагодена брзина кон условите и состојбата на патот и удрил во момчето кое се движело по десната коловозна лента во спротивната насока.

Животот на Христијан Крстевски, по неколку дена поминати во кома, згасна поради тешките повреди, а неговите роднини и другарчиња протестираа барајќи „Правда за Кико“ и безбедни улици за сите, како што денеска протестираа роднините и пријателите на Викторија Николова.

С.М

 

Викторија Николова загинато момче сообраќајна незгода христијан крстевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 15, 2026Updated:May 15, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

ВЕСТИ May 15, 2026

Официјалната тридневна посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина, која воедно е и прва…

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

May 14, 2026

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.