Published: Sunday, June 11, 2017 11:04
Петмина се повредени кога маж со автомобил влетал во пешаци пред главната железничка станица во Амстердам.
Полицијата го уапсила возачот, јави агенцијата АП, и потврди дека не се работи за терористички напад.
Две лица се пренесени во болница, а тројца од повредените се пуштени дома.
Полицијата сооопшти дека автомобилот е претресен и дека извршен е разговор со возачот, и дека нема индиции дека се работи за терористички напад.
Засега нема други детали за инцидентот.




