Published: Friday, September 4, 2015 10:07
Возачот на камионот во кој беа пронајдени 71 мигрант, кои се задушиле во ладилникот, на суд рече дека не знаел дека превезувал луѓе.
Тој на сослушувањето во бугарскиот суд негираше дека имал какви било сознанија за товарот кој го превезувал.
Нему му е продолжен притворот, а уште петмина, четворица Бугари и еден Авганистанец, се притворени во Унгарија.
Камионот-ладинлник беше пронајден на 27.август оставен на автопат во Австрија а во него беа пронајдени телата на 71 мигрант. Меѓу нив имаше четири деца.




