Најмалку 10 лица, меѓу кои и деца, загинаа во израелскиот воздушен напад врз училиште во Кан Јунис, во кое се сместени раселени Палестинци.
Израелската армија ги засилила воздушните и артилериските напади во градот Кан Јунис, а вчера преку летоци ги предупреди жителите да го напуштат градот и да се упатат кон запад, поради претстојната операција против Хамас и другите милитанти.