Владата на Египет жестоко одговори на масакрот на џихадистите од Исламската држава, кои вчера објавија видео како егзекутираат египетски Копти.
Тие денеска извршија воздушни напади врз тренинг центри и складишта за оружје.
Претседателот Ал Сиси по средбата со државниот врв најави радикална борба и ги повика граѓаните да не патуваат во Либија.
– Египет има право во соодветно време и на соодветен начин да се одмазди на извршителите на ова свирепо убиство, порача Абдел Фатах Ал Сиси, претседателот на Египет.
Во земјата е прогласена седумдневна жалост.
– Ова е терористички напад од луѓе кои немаат никаква врска со религијата. Она што се случи синоќа го остави цел народ без спиење и не направи многу нервозни, вели Мохсен Али, жител на Каиро.
Исламската организација Ал Захар го осуди варварското убиство со порака дека тој чин нема никаква врска со религијата.
И Белата куќа реагираше за масовната егзекуција и повика на политичко решение во земјата, додека јапонската влада вети донација од 15 милиони долари за борбата против Исламска држава.
Египет ја повика Меѓународната коалиција предводена од САД за борба против терористите на Исламската држава во Сирија и Ирак да почне со напади врз екстремисти и во Либија, ден откако ИД објави видео запис со убивањето на 21 египетски христијански Копти во Либија.




