Вчера (22 ноември) во 7 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавено е дека на локалниот пат во тетовско Добарце, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 54-годишниот Џ.С. од ова село, излетало од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.