Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Возрасните мора да поседуваат „Скопска“ за бесплатниот превоз во ЈСП од утре

0
By НОВА ТВ Balaban on March 24, 2022 РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ги потсетуваме возрасните лица кои ќе ја користат можноста за бесплатен јавен превоз, одлука која важи од утре, дека неопходно е да поседуваат персонализирана електронска картичка „Скопска“, заверена/продолжена за тековната 2022 година.

Продолжувањето на „Скопска“ може да се изврши во некој од седумте центри за персонализација, информираа денеска од ЈСП Скопје.

Такви центри има во Автокоманда (на автобуската постојка кај Шумарски факултет), во Аеродром (до ТЦ Капитол, во зградата на „Телекабел“), на Бит пазар (спроти некогашен „26 јули“), во Влае (во Порта Влае, на автобуската постојка), во Центар (во Градски ѕид, во просториите на ЈСП ТУРС), во Карпош 2 (на автобуската постојка кај Педагошки факултет) и на Транспортен центар (на терминалот, во автобусот). Сите центри за персонализација работат од понеделник до петок од 6 до 19.30 часот, а во сабота од 7 до 19.30 часот.

За купување нова персонализирана електронска картичка „Скопска“ се плаќа еднократен надомест од 200 ден, неопходна е лична карта на увид, а фотографирање се врши на лице место.

Возрасните лица при бесплатно користење на превозот имаат обврска да се валидираат, а во случај на линиска контрола да ја приложат „Скопска“.

Потсетуваме дека посочената категорија патници има право на бесплатен превоз секој ден, со месечен доплатен билет од 300 ден.

Бесплатниот превоз во вторник, петок, сабота и недела важи за жени над 62 години и мажи над 64 години и е согласно одлуката на Советот на Град Скопје, а средствата за оваа намена се обезбедени од градскиот буџет.

„Скопска“ Бесплатниот превоз ЈСП ЈСП Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.