Вчера (8 ноември) во 13 часот, 21-годишниот тетовец К.А. во СВР Тетово пријавил дека во близина на бензинска пумпа на улица „Илинденска“ во Тетово бил физички нападнат од 35-годишниот Н.Р., исто така, од Тетово, инаку вработен на пумпата.

Набрзо по пријавувањето, случајот целосно е расчистен и против Н.Р. ќе следува соодветен поднесок.