Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вработените на Југохром на едночасовен протест во Скопје

0
By Нова ТВ on November 24, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Вработените од металуршкиот комбинат „Југохром“ од Јагуновце денеска ќе излезат на протест и од од 12 до 13 часот ќе ја блокираат крстосницата пред Судската палата во Скопје.

Како што најавија ќе достават и протестно писмо до Инспекторатот на Министерството за животна средина за да се повлече мерката за забрана за работа на Комбинатот од каде егзистенција обезбедуваат неколку илјади жители на овој регион.

Во него се содржани барањата од пред 10 дена, кога тие го блокираа автопатот Тетово – Скопје. Тогаш побараа повлекување на одлуката на Инспекторатот за животна средина за исклучување на печките на „Југохром“. Исто така, добивање статус на работниците додека не се рестартира фабриката, а побараа и од раководството да забрза со изградбата на филтер-станицата која успори поради „оддолжување на постапката за градежна дозвола“.

– Југохром“ не работи дваесетина дена, а печките беа исклучени бидејќи не беа монтирани филтрите за заштита на животната средина.За комбинатот ова беше краток рок, а и во услови кога компанијата не работи мерните станици во Тетово воздухот е загаден, велат вработените.

Некои медиумите објавија дека затворањето на комбинатот би траело само три месеци. Претходно, „Југохром“ бараше ново 18-месечно продолжување на законскиот рок и договорот да постави филтри за отпрашување, иако Владата и Министерството за животна средина на неколку пати за неколку години овозможија овој рок да биде „прескокнат“.

Југохром на почетокот на месец ноември ги изгасна печките за топење руда, откако инспекцијата од Министерството за животна средина утврди дека не е исполнет условот – до крајот на октомври да проработат филтрите за контрола на издувните гасови.

Во јануари и февруари годинава Југохром не работеше со одлука на раководството со цел да не се намали влијанието врз загадувањето на воздухот.

Југохром протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.