Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците пет месеци немаат добиено плата, бараат средба со премиерот

0
By Marija Todorovska on May 29, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 29, 2025 13:27

Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците денеска на прес-конференција информираа дека пет месеци немаат добиено плата и се оставени без здравствено и пензиско осигурување. Тие бараат средба со премиерот, министерите за финансии и правда, како и со претседателот на Собранието, со цел да се реши ова прашање.

Во Инспекторатот за употреба на јазиците има вкупно 17 вработени.

Ова не е само финансиска криза, туку сериозно и систематско кршење на нашите човекови и уставни права. Согласно членот 32 од Уставот, секој вработен има право на соодветна заработувачка. И покрај ова јасно загарантирано уставно право, ние половина година не сме добиле надомест за нашата работа. Освен тоа, оставени сме и без здравствено и пензиско осигурување, што дополнително ја загрозува нашата безбедност и безбедност на нашите семејства. Оваа состојба не доведува во ситуација на социјална несигурност, егзистенцијална борба и апсолутно понижување и трудот и достоинството на работникот, изјави Фитим Рамадани, виш инспектор, вработен во овој Инспекторат.

Како што посочи, нивните барања се јасни и легитимни.

Ние сме луѓе кои секојдневно работат, даваат резултати и го движат системот напред. Нашите барања се јасни и легитимни. Итно исплаќање на заостанатите плати, повторно активирање на здравственото и пензиското осигурување, обезбедување на трајно и одржливо решение за да не се повтори оваа состојба, како и нормално функционирање на Инспекторатот, додаде Рамадани.

Тој бара од премиерот, во координација со министерката за финансии, министерот за правда и претседателот на Собранието, да најдат законска можност за исплата на неисплатените плати на вработените во Инспекторатот. Како што дополни, оваа борба нема политички мотиви.

Најави дека следиот чекор е можно да биде протест на вработените.

На новинарско прашање дали до сега оствариле средба со некого од Владата, Рамадани одговори дека имаат испратено писмено барање за средба, но до денес немаа добиено одговор.

инспекторат за употреба на јазици плата Рамадани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.