Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вработените во СЈО бараат да продолжат со работа во Јавното обвинителство

0
By Нова ТВ on September 12, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вработените во СЈО испратија писмо до државниот врв и амбасадорите во земјава во кое изразуваат разочараност поради „недоволното внимание кое се посветува на прашањето за иднината на најголемиот дел вработени во ова Јавно обвинителство“.

Тие сметаат дека е неправедно тие да не се предмет на интерес и за нив да се зборува како за обична бројка на која  придодаваат секакви етикети.

„Сакаме да потсетиме на почетоците на СЈО, кои беа подеднакво тешки, како и состојбата во која се наоѓа обвинителството во овој момент. Во услови кога државата беше соочена со сериозни предизвици за својата иднина и кога функционирањето на институциите на системот беше блокирано во секоја смисла на зборот, во услови кога со месеци ниту една институција не го поддржа формирањето на СЈО и неговото екипирање со стручен и помошен кадар, се охрабривме да бидеме крикот на правдата и да се приклучиме на обвинителскиот тим. Притиснати од опструкции, навреди, постојани медиумски напади и етикетирања, свесно прифаќајќи извесен безбедносен ризик за нас и нашите семејства, работевме одговорно, напорно, безрезервно и професионално, доследно почитувајќи ги законите, вложувајќи ги своите напори да создадеме нови професионални стандарди што ќе бидат позитивен пример за сите други институции. Неспорен е фактот дека работата на целокупниот тим на СЈО во извештаите на меѓународната заедница беше позитивно оценета како придвижување во насока коностварување на независност и ефикасност на правосудниот систем.Бројот на предмети кои се наоѓаат во фаза на судска постапка, истражна и предистражна постапка неспорно говори за трудот и посветеноста со која работеше целиот тим“ пишува во писмото од вработените во СЈО.

Вработувањата во СЈО се со договори на определено време, но вработените потсетуваат на Законот за СЈО во кој е  наведено дека по укинувањето на Јавното обвинителство, јавните обвинители, административниот персонал и истражителите се упатуваат на работа во Јавното обвинителство на позиции со споредливи лични примања.

„Оттука, јасна е намерата на законодавецот да ги гарантира правата од работен однос на сите оние кои во даден момент конкурирале и се вработиле во ad hoc институција со одреден рок на траење. Тоа значи дека законодавецот при носењето на законот за ова Јавно обвинителство немал намера да им биде прекинат работниот однос на вработените во ова Јавно обвинителство туку истиот предвидел одредба со која би ги инкорпорирал вработените во редовното Јавно обвинителство“ пишуваат вработените во СЈО кои додаваат дека ако се донесе одлука спротивна на законските одредби тоа ќе го сметаат за  „директна повреда на правата од работен однос мотивирана од одмазднички пориви кон вработените и кон сѐшто тие успеале да постигнат во изминатиот период“.

 

СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.