Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Врачени првите 80 мобилно издадени патни исправи во Генералниот конзулат во Њу Џерси, САД

0
By Mirjana on November 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 21, 2021 10:28

Во Генералниот конзулат во Њу Џерси, САД ќе бидат врачени првите 80 мобилно издадени патни исправи, со што се одбележува ефикасниот почеток на новата постапка за издавање на пасоши и за нашите државјани кои живеат во Северна Америка. Над 130 наши државјани сликани во Конзулатот овој месец, по воспоставувањето на базната станица, ги споделуваат своите искуства, препорачувајќи им на сите сограѓани, доколку им е потребно да ги обноват пасошите на Република Северна Македонија веднаш, информираат од Министерството за надворешни работи.

Нагласуваат дека воспоставувањето на базните станици, како опреми за скратување на постапката на издавање на патни исправи во наши дипломатски и конзуларни претставништва е дел од повеќедимензионалните напори на Министерството за надворешни работи за унапредување на услугите за нашата дијаспора во светот.

-Од постоењето на Конзулатот, од неговото формирање овде, во далечната 1998 година првпат нашите државјани кои што живеат на конзуларното подрачје на овој Конзулат, имаат прилика да добијат патни исправи на најбрз можен начин. Порано за патните исправи се чекаше по шест, па дури и по девет месеци. Сега патните исправи ги добиваат за месец дена, и тоа во голема мерка им ги олеснува патувањата на нашите државјани, изјави генералниот конзул, Јордан Панев.

Задоволство од новиот начин на издавање на пасошите искажуваат и нашите државјани.

-Процесот беше многу полесен отколку што очекував. Завршив работа за само 30 минути, сите беа многу корисни. Ми кажаа дека новиот процес е многу поефикасен од стариот и со тоа сум 100 отсто согласен, вели наш државјанин.

Друг пак посочува дека дошол за да го обнови својот пасош и им препорачува на сите да дојдат во Конзулатот, затоа што за половина час се завршува се.

-Се е совршено. Завршив за половина час, што мислам дека е многу добро. Од почетокот на процесот до крајот имав толку прекрасно искуство, што им предлагам на сите што треба да дојдат во Конзулатот. Дојдете направете го тоа, бидејќи е многу убаво искуство, порачува трет наш државјанин.

Сите работат овде.Тие се многу добри луѓе. Ви земат отпечатоци од прсти, ве сликаат, ви помагаат да ги пополните документите. Ако треба да го обновите пасошот, направете го тоа веднаш, истакнува нашиот државјанин.

МНР Њу Џерси пасоши
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.