Дваесет и пет годишниот Иранец Араш Ариа ја молел британската полиција да го врати назад во Иран.
Според Дејли Телеграф, овој Иранец кој легално живее во Манчестер, дошол во една полициска станица за да се жали на арогантноста, нељубезноста и насилството со кое му се обраќаат жителите на овој британски град. Тој ги замолил полицајците да го вратат назад во Иран.
Полицијата на Твитер напишала дека еден млад човек дошол кај нив, бил лут и побарал да го вратиме во Иран бидејќи му е преку глава од Манчестер.
Ариа никако не можел да најде работа во Манчестер и изјавил дека луѓето во Манчестер се нељубезни: “Се обидувам да бидам пријателски настроен и љубезен кон сите но сите чудно ме гледаат затоа што сум странец и не покажуваат знаци на љубезност”, изјавил младиот Иранец.
Полицијата утврдила дека Ариа легално живее во Велика Британија 10 години и му било речено дека може да си оди во Иран на свој трошок.
Британците, со својот познат смисло за хумор, се шегувале со случката и лошото време во Манчестер. Еден од нив на Твитер напишал: “Десет години во Манчестер? Никако да не си оди. Треба да му дадеме медаља!”




