Годинава за првпат се воведува трансплантација на срце, црн дроб, коски и коскени ткива, а веројатно и на рожница и тоа е планирано да се изведува во јавното здравство. Како се организира системот,  кој може да биде потенцијален дарител, како ќе се одвива целиот процес. Како се докажува мозочна смрт, можни ли се злоупотреби?

Кои критериуми треба државата да ги исполни за да фатиме чекор со Еуротрансплант за да се отвори можноста за добивање и размена на органи од земјите на ЕУ? Ќе се едуцира ли медицинскиот кадар и најважно како ќе се работи на подигнување на свеста на граѓаните за дарување на органи. На овие и многу други прашања во ПРОЦЕС, зборува др. Маја Мојсова, Национален координатор за трансплантација и раководител на КАРИЛ.