Вредноста на турската лира почна да опаѓа на рекордно ниско ниво во однос на доларот, но лидерот на земјата ја отфрла загриженоста, велејќи им на Турците дека „ние го имаме нашиот Господ“. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го рече ова, поттикнувајќи ги Турците да ги продаваат доларите и златото, а да купуваат лири.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече во јули дека САД ќе воведе големи санкции против Турција, но засега тоа не се случи.
Ердоган вели дека ќе се спротивстави на притисоците од САД.
– Се водат повеќе кампањи. Не им обрнувајте внимание. Не заборавајте, ако тие ги имаат нивните долари, ние го имаме нашиот народ, нашиот Господ. Ние работиме напорно. Погледнете каде бевме пред 16 години, а каде сме сега – рече Ердоган на неговите поддржувачи.




