Published: Thursday, May 7, 2026 18:23
Виолета Софкаровска: Си траам со денови.
Од шок!
Пред мои очи, пајак,- возило врати на паркинг една такаречи скапаница од количе. Најдоа мангиве слободно паркинг место и го плеснаа претходно земеното возило што рипна ко џишнато на врела рингла.
Јас си стоев ко залиена.
Не ми се веруваше на очиве. Пајакот враќа веќе кренато и однесено возило?!
А богами, не знам дали им ги имате видено суратите на тие храбри скопски каубојци што го опслужуваат пајакот?
А, бре, едни недоделкани фаци, едни наапани билмези, едни курајбери на батерии, едни чиниш, не само кола, туку и дете
од мајка ќе кренат, ако им се кејфне!
Ова ли е нашето Скопје?
Или нивно е, а нас никој не не информирал?
Басимуја стопанката, не знам!
Вие знаете?
Извор: Фејсбук



