Времето денеска сончево и ветровито.Утринската температура ќе се движи од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, сончево со слаб ветер претежно од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 31 степен.

До петок ќе се задржи стабилно време, освен во среда околу пладне кога претежно во северните делови ќе има појава на краткотраен пороен дожд. Во среда и четврток особено вдолж Повардарието ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови намалување на температурата