Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Врховен ги одби барањата на одбраната на Груевски и Поповски

1
By Нова ТВ on August 31, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Врховниот суд ги одби барањата за изземање на судечкиот совет и в.д. претседателката на Апелација Лидија Димчевска, што ги поднесе одбраната на осудените во „Тенк“, Никола Груевски и Ѓоко Поповски.

По соопштувањето на овие одлуки, јавната седница на Апелација на која се одлучува по жалбите за затворските казни на Груевски и Поповски, повторно е прекината.

Адвокатот Стерјо Зиков овојпат побара изземање на судијата известител Тања Милева бидејќи, како што наведе, таа била избрана во времето кога СДСМ формирала Влада, а Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги отворило предметите за кои водеше истрага.

„Ако остане, судијката Милева ќе биде пристрасна. Таа е сопруга на Игор Милев кој беше кандидат за градоначалник на Радовиш од СДСМ, беше член на Државната изборна комисија (ДИК) од СДСМ, а сега е советник на директорот на Царинската управа“, рече Зиков.

Претседателката на судечкиот совет Цветанка Периќ повторно даде пауза за да се достави барањето на Зиков за изземање на Милева до в.д. претседтелката на Апелација Лидија Димчевска.

За случајот „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор.

Адвокатите на обвинетите денеска поднесоа барање за изземање на Судечкиот совет и на в.д. претседателката на Апелација Лидија Димчевска.

На Врховниот суд му требаа нешто повеќе од два часа да одлучи по барањето на одбраната на Груевски и Поповски.

На почетокот на денешната јавна седница тие побараа и одложување на седницата со образложение дека мора да одат на други судења кои се приоритетни бидејќи станува збор за притворски предмети. Судечкиот совет во Апелација не го прифати ваквото барање на адвокатите.

За случајот „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски на шест и пол години казна затвор.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.