Рускиот Врховен суд ја поништи пресудата со која опозицискиот активист Илдар Дадин е осуден на две години затвор поради кршење на прописот за јавно собирање.
Судот нареди ослободување на Дадин и со тоа судскиот случај е завршен.
Дадин во декември 2015 година беше осуден поради кршење на новиот закон за јавен собир донесен во 2014 година.
Со тој закон драстично се зголемени казните за оние кои повеќепати се приведувани поради учество во неодобрени протести.
Групите за заштита на човековите права ја критикуваа и ја осудија пресудата на Дадин, за кого истакнуваа дека е политички затвореник кој само бил вклучен во ненасилните протести.
Дадин минатата година тврвдеше дека затворските чувари го мачат, го тепаат и му се закануваат дека ќе го силуваат и ќе го убијат. Подоцна е префрлен во друг затвор.
За сега не е познато кога Дадин ќе биде пуштен на слобода, ниту дали ќе бара отштета за времето поминато во затвор.




