Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Врховниот суд во Атина на потег за Грујевски и Бошкоски

0
By Нова ТВ on January 6, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По одлуката на Советот на судии во Солун за екстрадиција на поранешните началници на Управата за безбедност и контраразузнавање, Никола Бошковски и Горан Грујевски, во Македонија, на која нивната одбрана поднесе жалба, Врховниот суд во Атина треба да ја разгледа и донесе конечна одлука.

Дотогаш, Бошковски и Грујевски ќе бидат во затвор близу Солун, каде се во екстрадициски притвор речеси три месеци.

Според нивниот адвокат во Грција, жалбата за Горан Грујевски е на 75, а за и Никола Бошковски на 65 страници. Костас Хаѕијоану, говорејќи за солунскиот портал Вориа, како што јавува дописникот на МИА од Атина, тврди дека не било изводливо Советот на судии за само 1,5 ден да ги види сите аргументи и целата документација на 17.000 страници.

– Ние веруваме во грчкото правосудство. Веќе имаме поднесено барање за заштита преку политички азил и сигурни сме дека на крај правдата ќе биде задоволена, вели адвокатот Костас Хаѕијоану за порталот Вориа.

Тој додава дека е сигурен дека правдата ќе биде задоволена во Врховниот суд.

И вториот адвокат на Никола Бошковски и Горан Грујевски, Петар Василев потврди дека ќе поднесат жалба до Врховниот суд на одлуката за нивна екстрадиција во Македонија.

– Ќе поднесеме жалба на оваа одлука и се надеваме дека повисоките инстанци ќе одлучат поинаку, бидејќи имаме многу аргументи на наша страна и затоа што сметаме дека ова е политички процес. Тие се невини според Кривичниот законик. Затоа се надеваме дека одлуката на повисоките инстанци ќе биде правична за нашите клиенти, вели Василев.

И соопштувањето на одлуката, исто како и сослушувањето, беше зад затворени врати.

Освен за екстрадицијата, Грујевски и Бошковски имаат уште два други процеса во Грција, независни еден од друг. Едниот е за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром, судењето по три одложувања, ќе се одржи на 17 мај годинава. Другиот случај е по поднесеното барање за азил на 29 ноември минатата година, процес кој може дополнително да ја забави евентуалната позитивна одлука за екстрадиција во Македонија.

Грујевски и Бошковски се обвинети и во случајот на СЈО „Тврдина и Таргет“, за кој на 17 јануари во Кривичниот суд во Скопје е закажано судење.

Тие беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври лани, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.

Горан Грујевски екстрадиција Никола Бошкоски Солун
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.