Светлана Кузнецова ја совлада Агнешка Радванска со 7:5, 1:6, 7:5 во меч од „белата група“ на завршниот ВТА Мастерс турнир во Сингапур. Но, победата на Русинката падна во сенка на она необичниот нејзин потег во паузата меѓу вториот и третиот сет.
На деветтата светска тенисерка не ѝ претстауваше проблем што се наоѓа покрај теренот. Од торбата извади ножици и отсече поприлично голем прамен од косата што веројатно ѝ пречеше при настапот и со нова фризура успеа и да го освои решавачкиот трет сет. Во вториот денешен меч во групата Каролина Плишкова ја совлада Шпанката Гарбине Мугуруза со 6:2, 6:7, 7:5.