Агнешка Радванска остана во игра за полуфинале на завршниот ВТА Мастерс во Сингапур. По поразот од Кузнецова во првото коло, Полјачката во второто ја совлада Гарбине Мугуруза со 7:6, 6:3 и се проби на второто место на табелата во т.н. „Бела група“. Радванска и Каролина Плишкова низ директен дуел ќе решаваат која од нив две ќе биде дел од големата четворка, а за која групната фаза ќе значи и крај на сезоната.
Во вториот меч од второто коло во „белата“ конкуренција, Кузнецова во три сета славеше над Плишкова (3:6, 6:2, 7:6) и се промовира како втора полуфиналистка во Сингапур по Анџелик Кербер од „црвената“ група. На второто место се надеваат Романката Симона Халеп и Американката Медисон Кис, но не и Доминика Цибулкова по двата пораза.