Кики Бертенс е победничка на ВТА турнирот во Гштад, Швајцарија, што се играше за награден фонд од 226,750 американски долари. Холанѓанката во финалето беше подобра од Ана Контавеит од Естонија со 6:4, 3:6, 6:1.
Освоената титула во Гштад е четврта во кариерата на Бертенс, а втора во 2017 година по одбраната на тронот во Нирнберг. Постигнатиот успех викендот ќе значи и нејзин напредок за девет места на најновата ранг листа што ВТА вообичаено ја објавува секој понеделник.
ВТА турнир во Гштад/награден фонд 226,750 долари
Финале: Бертенс (Холандија) – Контавеит (Естонија) 6:4, 3:6, 6:1