Published: Thursday, October 15, 2015 12:16
Пред самиот почеток на работата на косовското Собрание, повторно е активиран солзавец. Пратеничката Доника Када Бујупи од опозициската Алијанса за иднина на Косово ја активирала гранатата солзавец.
Косовската полиција од денеска применува додатни мерки за обезбедување на влезот на Собранието.
Додатните мерки се затоа што ова е втор ист ваков инцидент во Собранието, откако пратеникот од „Самоопределување“, Албин Курти пред една недела предизвика инцидент по што беше приведен во полицијата.




