За вториот круг од локалните избори Државната изборна комисија акредитираше 5.101 домашни и 473 странски набљудувачи, како и 20 странски новинари. ДИК за вториот круг од изборите акредитираше дополнителен број набљудувачи и новинари.
Од домашните најголем број набљудувачи има МОСТ, а од странските, најголем број набљудувачи има мисијата на ОБСЕ/ОДИХР. Во ДИК се акредитирани и 315 преведувачи.
Вториот круг од локалните избори ќе се спроведе во 35 општини, на 1.517 избирачки места каде право на глас имаат 833.710 граѓани.