Опозицискиот ултрадесничар Џорџе Симион и градоначалникот на Букурешт Никушор Дан ќе се борат на 18 мај во вториот круг од изборите за нов претседател на Романија, јавија денеска романските медиуми повикувајќи се на податоци од Централната изборна комисија (АЕП).
По централизацијата на 99,99 отсто од записниците од избирачките места по вчерашниот прв круг од претседателските избори, резултатите покажуваат дека Симион освоил 40,94 отсто од гласовите, а Никушор Дан 20,99 отсто, пренесува романскиот портал Диги24.
Поточно, Симион, кој е претседател на Алијансата за обединување на Романците (АУР), освоил 3.856.981 глас, додека за градоначалникот на главниот град гласале 1.976.926 Романци.
Од податоците објавени утринава на платформата на АЕП, се заклучува дека треба да се пребројат уште само гласовите од три избирачки места во странство. Линк