Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Втора дебата Клинтон – Трамп: Размена на лични навреди

0
By Нова ТВ on October 10, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 10, 2016 09:44

 

На Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, синоќа по локално врме се одржа втората претседателска дебата на кандидатите за претседател на САД Хилари Клинтон и Доналд Трамп, пред изборите на 8 ноември. Модератори беа ТВ мрежите Си Ен Ен и Еј Би Си.

 

Дебатата уште на самиот почеток влезе во расправа за сексуалната агресија на Трамп кон жените. Трамп, како што рече, му било незгодно поради изјавите но дека сепак тоа биле само „машки разговори од соблекувалната“.

Тој истакна дека однесувањето на поранешниот претседател Бил Клинтон, инаку сопруг на неговата противкандидатка било полошо од неговото.

– Кај мене зе работи за зборови, кај него за дела, рече Трамп.

– Слушнавме како ги навредува жените. Слушнавме како жените според физичкиот изглед ги сместува по категории од 1 до 10. Рече дека видеото го претставува во погрешно светло, но сметам дека јасно им е на сите кои ја слушнаа снимката дека тоа го претставува Трамп токму онаков каков што навистина е, рече Клинтон.

Во врска со електронската пошта на Клинтон и користењето на приватната имејл адреса додека била државен секретар, таа рече дека било грешка, но нагласи дека никаков доверлив материјал не завршил во погрешни раце.

Трамп рече дека доколку биде избран за претседател ќе именува посебен обвинител да истражи дали Клинтон ја довела во опасност националната безбедност.

-Добро е што некој со темперамент како Доналд Трамп не е задолжен за спроведување на законите во нашата земја, рече Клинтон, на што Трамп и одговори: „Бидејќи ќе бевте во затвор“.

Клинтон го потсети Трамп дека се повеќе републиканци му вртат грб токму поради скандалот со видео снимката.

debata1

Клинтон говореше и за односот на САД кон муслиманите, при што нагласи дека сака земјата да биде што повеќе отворена кон нив, исто како и кон сите други, нагласувајќи дека зборовите на Трамп за забрана за влез на муслимани се само подарок за исламската држава.

-Опасно и кратковидо е да се впуштите во реторика за муслиманите каква што користи Трамп рече Клинтон.

Таа исто така нагласи дека Русија одлучила дека го сака Трамп на местото претседател на САД.

Трамп во дебатата рече дека „не му се допаѓа“ сирискиот претседател Башар ел Асад, но дека тој „ги убива ИД, заедно со Русија и Иран“.

Клинтон и Трамп се судрија и околу серија други прашања како данокот и здравственото осигурување.

Неодамна е објавено дека Трамп наводно на нелегален начин избегнувал да плаќа данок цели 18 години, на што тој одговори дека “брилијантно го користел“ американските даночни закони за да го намали износот на данок што мора да го плати, додавајќи дека тоа му помогнало да преживее еден тежок период на пазарот на недвижнини. И притоа на Клинтон и порача:

-Сите ваши пријатели извлекуваат корист од овие одредби“, на што таа одговори дека неговото избегнување на плаќање данок го зголемува данокот што го плаќаат семејствата од средната класа.

Во врска со Обамакеар, системот на здравстено осигурување, Трамп рече дека е катастрофален и дека сам ќе се урне во 2017 година.

Дебатата беше одржана на принцип на поставување прашања од модераторите и на публиката. Кандидатите можеа слободно да се движат по сцената и директно да им се обраќаат на оние кои поставуваа прашања.

debata3

Оваа расправа се смета за клучна во претседателската кампања, бидејќи, според аналитичарите, на Трамп му треба „ветар в грб“ доколку сака да ја стигне Клинтон која води на анкетите по првата дебата од 16 септември.

Сепак Си Ен Ен објави дека кандидатката на демократите е победник и на втората дебата, иако нејзиниот ривал г „надминал очекувањата“.

Ова го покажува денешната анкета на оваа ТВ мрежа и Корпорацијата за истражување на јавното мислење (ОРЦ).

Според истражувањето спроведено на граѓани кои ја следеле дебатата 57 проценти сметаат дека Клинтон била подобра, а 34 проценти дека тоа бил Трамп.

Иако ова е добар резултат за Клинтон, тој сепак е далеку од оној од првата дебата кога 62 проценти од анектираните рекоа дека таа е победник.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.