Published: Wednesday, August 9, 2017 17:53
Пјетро Паролин, вториот човек на Ватикан и фактички надворешен министер, се очекува да ја посети Русија од 20 до 24 август – објави порталот „The local“.
Тој има закажано средба со претседателот Путин и со поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил.
-Подготовката на можната посета во Русија од папата Френсис ќе биде меѓу целите на мојата посета – рекол Паролин во едно интервју објавено во вторникот.
Ниту еден папа во модерната ера ја нема посетено Русија, во главно поради тензиите меѓу православната и католичката гранка на христијанството, кои Френсис сака да бидат надминати.




