Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ ги соопшти предлозите на СНС за нови министри, ги нема Лончар, Стефановиќ, Јоксимовиќ, Недимовиќ, проблематична и Михајловиќ

0
By Ана Василевска on October 23, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Србија и лидер на Српската напредна странка (СНС) на денешната седница на Главниот одбор ги соопшти предлог кандидати за министри во новата влада од оваа партија, меѓу кои не се досегашните министри Златибор Лончар, Небојша Стефановиќ, Јадранка Јоксимовиќ, Бранислав Недимовиќ, а проблематична е и Зорана Михајловиќ која нема повеќе да го води ресорот за рударство и енергетика, јави дописникот на МИА од Белград.

Премиерка ќе биде Ана Брнабиќ, вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, а министер за одбрана и вицепремиер Милош Вучевиќ.

Министер за финансии, а воедно и вицепремиер ќе биде Синиша Мали, а Томислав Момировиќ ќе биде министер за внатрешна и надворешна трговија.

Секторот за земјоделство ќе го води Јелена Танасковиќ, за животна средина Ирена Вујовиќ, а за градежништво Горан Весиќ.

Министер за рударство и енергетика ќе биде Дубравка Негре. Со Министерството за државна управа и локална самоуправа ќе раководи Александар Мартиновиќ, а со Министерството за малцински права и социјален дијалог Томислав Жигманов.

Министер за внатрешни работи ќе биде Братислав Гашиќ, Тања Мишчевиќ ќе биде министер за евроинтеграции, а Секторот за наука и иновации ќе го води Јелена Беговиќ.

Даница Грујичиќ ќе биде министер за здравство, Никола Селаковиќ за труд, вработување и боречки прашања, а Дарија Кисиќ за семејна грижа.

Министер за туризам и млади ќе биде Хусеин Мемиќ, а за спорт Зоран Гајиќ. На чело на Министерството за култура ќе остане Маја Гојковиќ, а на Министерството за грижа на селото Милан Кркобабиќ.

Останаа празни министерствата за телекомуникации и информации, како и министерството за јавни инвестиции.

Порано денес, лидерот на СПС Ивица Дачиќ изјави дека партијата ќе има 5 министерски места, од кои двајца министри без ресор – Новица Тончев, кој ќе биде задолжен за развој на неразвиените општини и подрачја и Ѓорѓе Милиќевиќ, чие што задолжение допрва ќе се договара.

Вучиќ, на почетокот на седницата на Главниот одбор на СНС, на која ќе се расправа за новата Влада на Србија, рече дека моментот во кој се избира новиот кабинет е специфичен поради надворешни околности.

-Првпат избираме влада кога знаеме дека имаме воена состојба во околината. Кога е јасно дека оваа војна нема брзо да заврши, дека речиси нема начин да се стави крај на овој конфликт. Кога ќе видите дека едни го сакаат поразот на другата страна, а други подеднакво го посакуваат поразот на првиот, рече Вучиќ.

Тој порача дека СНС мора да работи во интерес на народот и граѓаните, а не да биде „бизнис партија“.

Тој изјави и дека се гордее со многу имиња кои нема да ги прочита како дел од владата, а од кои побара да ја сочекаат следната влада, при тоа не ги прочита имињата на досегашната вицепремиерка Зорана Михајловиќ и на досегашниот министер на полицијата, Александар Вулин.

Вучиќ кажа дека Марко Ѓуриќ треба да се врати и да извршува важни функции, и да побарал од него да остане амбасадор во САД.

Александар Вучиќ министри
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.