Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ најави потпишување на многу важни договори од „Отворен Балкан“ и многу олеснувања на бизнисмените

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 21, 2021 ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Договорите што ќе се потпишат денеска во Тирана во рамките на иницијативата Отворен Балкан се многу важни, ќе го олеснат протокот на луѓе и работна сила и ќе ги направат земјите учеснички попривлечни за странските инвеститори. Тоа го изјави за РТС претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Вучиќ рече дека овие договори претставуваат „јадро на нешто што ќе создаде овој дел од Европа да биде суштински без граници“.

Во Елбасан синоќа се одржа неформалниот дел од самитот на иницијативата Отворен Балкан, каде албанскиот премиер Еди Рама подготви вечера за своите гости, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Северна Македонија Зоран Заев. Свечениот дел од средбата се одржува денеска, кога ќе бидат потпишани повеќе договори.

Според Вучиќ, ќе се потпише договор за телата за акредитација, билатерален договор за овластени економски оператори со Албанија, која Србија ја има година и пол и со Северна Македонија, како и многу договори во областа на ветеринарството и фитосанитарна инспекција.

– Ова е најголемиот чекор во нашата соработка, кој ќе донесе многу олеснувања на нашите бизнисмени. Ова го правиме со многу верба бидејќи знаеме дека ќе им олесниме на нашите бизнисмени, рече Вучиќ.

Тој повтори дека би сакал Босна и Херцеговина, Црна Гора и Приштина да се приклучат на иницијативата и нивниот избор, како што рече, е да не учествуваат затоа што тоа го толкуваа како политички игри, јави Бета.

– Преку електронско поврзување ќе почнеме да зборуваме какви попусти ќе имаме на наплатните рампи, какви попусти ќе имаме за граѓаните во хотелите, рече Вучиќ

– Веруваме и знаеме дека ова ќе им донесе добро на граѓаните на нашите земји и Северна Македонија и Албанија и Србија да го направат тоа со така многу енергија и убедување, рече Вучиќ.

Тој рече и дека мора да зборуваме за енергетско поврзување во регионот, доколку овие земји сакаат да опстанат во иднина.

Александар Вучиќ отворен балкан Тирана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.