Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ наредил војската и полицијата да прекинат комуникација со Косово

0
By Нова ТВ on September 7, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 7, 2018 08:06

Српскиот претсетадел Александар Вучиќ наредил на армијата, а потоа побарал од полицијата и од разузнавачката агенција да прекинат секаква комуникација со косовската полиција, КФОР и кои било албански и меѓународни претставници кои се активни на територијата на Косово, по повод неговата посета, јави Танјуг.

Вучиќ вечерва ќе донесе одлука за можно заминување во посета на дел од Косово, а според српската агенција, меѓу неговите соработници има целосна поделеност за прашањето за посетата на Косово.

Посетата на претседателот на Србија, претходно најавена за  утре и задутре, ненајдено беше доведена во прашање по информациите дека Приштина има намера да го спречи да ја посети Газивода.

Во Брисел продолжува дијалогот

Во меѓувреме во Брисел денеска ќе се одржи нова рунда од дијалогот помеѓу Белград и Приштина, а портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи, со посредство на шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини, ќе продолжат да работат на сеопфатната нормализација на односите и постигнување правно обврзувачки договор.

– Утре, на највисоко ниво, продолжува работата која е веќе интензивирана во претходните недели и месеци, изјави вчера Коцијанчиќ.

Во пресрет на новата рунда на дијалогот, како што објави Танјуг, во Брисел посочуваат дека продолжува интензивната работа од таканаречената „втора фаза”, но ЕУ како посредник не сака да шпекулира за можните резултати од состанокот, ниту за деталите од можното решение.

– Втората фаза започна пред една година. Дијалогот во оваа фаза е интензивиран меѓу претседателите и така ќе продолжи, изјави Коцијанчиќ.

Меѓу претставниците на странските медиуми постои зголемен интерес за средбата меѓу Вучиќ и Тачи, информира Танјуг.

Повеќе странски медиуми, поради честите реакции во Европа на можните решенија за „косовското прашање”, очекуваат дека денешниот состанок може да донесе конкретни резултати.

Од Европската комисија, сепак најавија дека тоа е само еден од серијата состаноци на кои ќе се разгледуваат обидите за постигнување на компромисно решение. Комесарот за проширување Јоханес Хан кажа дека „не очекува договор во петок и оти за постигнување договор ќе требаат уште неколку месеци “.

– Би било корисно ако тоа би можело да се заврши, да речеме, до летото следната година, како би можеле да тргнеме со нови чекори, изјави Хан деновиве.

Дипломатски извори на Танјуг во Брисел рекле дека „сите страни” во дијалогот проценуваат оти договорот може да се постигне и на почетокот на следната година или во наредните шест месеци.

Во ЕУ пред овој круг на дијалогот, порачуваат дека Белград и Приштина треба да разгледаат „различни идеи” и да видат „што е можно, а што не е” како основа за можен компромис, на кој би се засновал правно обврзувачкиот договор за сеопфатна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Еврокомесарката Федерика Могерини деновиве изјави дека „постои реална шанса Вучиќ и Тачи да постигнат договор со кој ќе се решат сите отворени прашања меѓу Белград и Приштина”.

– Треба да сториме се што можеме, заедно со нашите партнери во Европа, регионот и во меѓународната заедница, особено во Советот за безбедност на ОН, со цел да ги поддржиме овие преговори преку дијалог и во рамките на меѓународната заедница, заклучи Могерини.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.