Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека оставката на Владата треба да биде објавена најдоцна за 10 до 12 дена, па рокот за формирање на нова Влада или за нови избори ќе започне на 17 или 18 февруари, пренесува Nova.rs.
Вучиќ изјави дека тоа би значело дека мора да има нова влада до 19 или 20 март, во спротивно ќе има на избори на почетокот на мај.
„Мислам дека е добро да се обидеме да формираме добра влада, бидејќи Експо ни е неверојатно важен“, рече претседателот.