Претседателот на Србија Александар Вучиќ вели дека се сомнева дека општеството во Србија ќе успее да договори нешто по прашањето за Косово и нешто да направи во интерес на иднината, бидејќи како што рече „се плашиме од себе си, од иднината и од реалистичен пристап“.
Тој најави дека во септември ќе започне разговор со цивилниот сектор, црквата, академската заедница и во Парламентот во врска со Косово.
Според него не постојат рокови во врска со внатрешниот дијалог што тој го покрена по ова прашање.
– Ние не мора ништо да направиме, никој не ни рекол дека мораме и најверојатно нема ни да направиме, бидејќи се плашиме од себе си од, иднината и реалистичен пристап, изјави Вучиќ, додавајќи:
-Што се однесува до Косово, сите знаат за што се работи и се разбираат. Но како да ги погазат своите одлуки и оние кои ги чувале повеќе од 20 години, како да ги испуштат“.




