Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека косовскиот јазол е сложен и најави дека за иднината на Србија ќе решаваат самите граѓани.
– Дали ќе успееме во сето ова, останува да се види, но нема да биде лесно. Тешко е да се фатиш во костец со косовскиот јазол. Некои ќе кажат дека не чини што и да направиме, но доколку остане вака, само ќе крвариме и секој ден ќе губиме. Затоа сум за тоа да не бидеме кукавици, да направиме се за нашата земја и проблемите да не ги оставаме на нашите деца“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека нема доверба во „оние од Приштина и на оние кои им помогнаа во разурнувањето на Србија, но тоа не значи дека нема да се бори да го реши проблемот “.
Вучиќ истакна дека граѓаните ќе решат може ли Србија да оди во иднината или не.
– Од вас ќе бараме да ја донесете конечната пресуда, а јас ќе дадам се од себе…Сакам да ги решам проблемите на граѓаните на Србија кои постојат стотина години, изјави Вучиќ.
Вучиќ и Тачи ќе се сретнат во среда во Брисел, а утре Вучиќ ќе има средба со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз, на коај меѓу останатото ќе разговараат и за косовскиот проблем. Медиумите во Србија, пишуваат дека Франција до сега многу малку се изјаснуваше по ова прашање.