Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ за уапсените за шпионажа од Крушик: Северна Македонија е само проточен бојлер кон други служби

0
By Marija Todorovska on July 23, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 23, 2024 15:14

Во Вишото јавно обвинителство во Ваљево денеска ќе бидат сослушани тројца поранешни и сегашни инженери од холдингот „Крушик“, осомничени дека на АТС груп од Северна Македонија и доставиле доверливи информации и документација. Денес за оваа шпионска афера се огласи и српскиот претседател Александар Вучиќ со оценка дека Северна Македонија е само проточен бојлер кон други служби во регинот, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ова трае долго време, тоа го прават од сите страни. Ова го следиме долго време. Точно знаеме за кого станува збор, преку кого тоа ишло и кој бил и кој требало да биде крајниот корисник. Северна Македонија е проточен бојлер, точно е еден од тие лица, но е проточен бојлер на некои други служби во регионот, изјави Вучиќ.

Во вчерашната акција на Безбедносно информативната агенција (БИА), Воено-бебедоносната агенција (ВБА), МВР и Вишото јавно обвинителство во Ваљево, уапсени се тројца инженери од српската фабрика за производство на оружје и муниција „Крушик“ поради постоење основи за сомнение дека сториле кривично дело шпионажа затоа што во текот на 2024 година континуирано контактирале со државјани на Северна Македонија, вработени во компанијата „АТС груп“, на чело со Шевкет Демировски.

-Осомничените М.О. (1987), Д. Л. (1960) и Д. М. (1961), се поранешни и сегашни инженери во холдинг компанијата „Крушик“ од Ваљево, кои од оваа фирма неовластено изнесувале доверлива деловно-техничка документација и ја предавале на странска организација, на штета на безбедносните, одбранбените, воените и други интереси, како и слабеење на моќта на Република Србија, се прецизира во соопштението на МВР.

Експертите од одбранбената индустрија во Србија се сомневаат дека Демировски е, всушност, параван за многу посериозни играчи

-При претрес на повеќе локации, станови и деловни простории, пронајдени се докази дека и предале доверлива документација на фирмата „АТС Груп“ – Скопје, сопственост на Демировски, која се занимава со производство на оружје и воена опрема. Оваа група има фабрики и во Катар, а во април годинава Демировски го претстави својот нов Советодавен одбор на чие чело е пензионираниот генерал на американската армија Џејмс Л. Џонс, кој беше командант на американските маринци (1999-2003), врховен командант на НАТО и американските сили во Европа (2003-2006), како и советник за национална безбедност на американскиот претседател Барак Обама (2009-2010), пишуваат денешни Новости.

Медиумите излегоа со повеќе детали за приведените инженери од Крушик.

Кај приведениот М.О пронајдена е хартија со рачно напишани нумерички ознаки кои се однесуваат на „кошулката, телото и крилцата“ на најверојатно минофрлачки проектил, а осомничениот потврдил дека тој е авторот. Во неговиот стан биле пронајдени копии од документ од „Крушик“ за неколку специјални видови барут, кои биле класифицирани како службена тајна: „Одбрана – службена тајна – доверливо“, како и „табела за пукање“ за минофрлач од 120 мм на англиски јазик, што се третира како деловна тајна. Пронајдени се и признаници за суми од над 50.000 евра кои ги предал на градежниот изведувач М.К од Ваљево. Според достапните податоци, М.О. се обидел на овој начин да го прикрие потеклото на парите, поради страв дека може да биде откриен и кривично гонет.

Кај М.О е пронајден и договор за ангажирање на фирмата „АТС инжењеринг“ – Скопје, со што недвосмислено се потврдило оперативното сознание дека тој паралелно со хонорарниот работен однос во „Крушик“ работи и кај Шевкет Демировски.

Инженерот Д.Л во полиција изјавил дека бил ангажиран во споменатата македонска фирма. Според нашите сознанија, докази за индустриска шпионажа се пронајдени на повеќе лаптопи, USB-стикови и телефони.

Кај приведениот Д.М. најден е договор за ангажман за „АТС инженеринг“ – Скопје, како и повеќе од 10.000 евра.

Македонски бизнисмен Шевкет Демировски беше уапсен на 11 ноември 2019 година во акција на БИА, ВБА и Вишото јавно обвинителство во Белград, заедно со пензиониран инженер во „Први Партизан“ од Ужице и уште двајца инженери во таа фирма, поради сомневања дека како сопственик на „АТС Груп“ од Скопје, преку пензиониран инженер во „Први Партизан“ дошол во сопственост на деловно-техничка документација и податоци поврзани со технологијата на изработка на одредени машини, односно до технологијата на изработка на оружје и муниција која ја развива „Први партизан“.

Меѓутоа, по само еден месец, Ш. Д. беше пуштен со кауција од 200.000 евра за да се брани од слобода. Обвинителот во овој случај ја отфрли кривичната пријава против него, откако на 21.01.2021 година на име опортунитет платил 29.393.925 динари.

Македонскиот бизнисмен на тој начин беше ослободен од сомнение за кривичното дело поткуп при вршење на стопанска дејност. 

Алаксандар Вучиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.