Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ закажа итна седница на српскиот Совет за национална безбедност

1
By Нова ТВ on March 26, 2018 СВЕТ
Александар Вучиќ
Александар Вучиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 26, 2018 17:18

Претседателот на Србија Александар Вучиќ за утре закажа итна седница на српскиот Совет за национална безбедност без да ја наведе причината и темата на заседанието, но како што тврдат белградските медиуми, една од темите ќе биде косовското прашање.

Вучиќ денеска имаше средба со австрискиот амбасадор во Србија, Николаус Лутероти, кого, како што соопшти неговиот кабинет, го запознал „со неодржливата состојба на дијалогот меѓу Белград и Приштина, бидејќи Србија во целост ги исполнила обврските од Бриселскиот договор, додека другата страна нема направено ништо околу прашањето за Заедницата на српски општини (ЗСО), како единствена обврска која ја имале Албанците за исполнување“.

Српскиот претседател минатата недела во САД за косовското прашање разговараше со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и со преставници на американската Администрација.

Во петокот тој имаше трилатерален состанок во Брисел со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и со косовскиот претседател Хашим Тачи, по што изјави дека „неформирањето на ЗСО не е само вина на Албанците, кои немаат намера да ги исполнат обврските“ и дека Србија „нема да ги загрози своите државни и национални интереси за некои во ЕУ да бидат задовлни“.

Српската Влада пред три дена го забрани ракометниот натпревар меѓу Србија и Косово, што требаше да се одигра во Ковилово.

Пред два дена шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, поради неспреоведувањето на договорот околу ЗСО, изјави дека ќе му предложи на Вучиќ да го повлече потписот од Бриселскиот договор.

Во меѓу време, заменик командатот на косовската полиција Бесим Хоти изјави дека интервентите единици во северно Косово нема да му дозволат на директорот на владината Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ да влезе на косовска територија.

Ѓуриќ денеска требаше заедно со генералниот секретар на српскиот претседател Никола Селаковиќ да присуствува на панелот посветен на внатрешниот дијалог за Косово во Косовска Митровица.

Влез во Косово денеска им е забранет и српскиот министер за одбрана Александар Вулин, кој требаше да посети едно семејство на Срби во Косовска Митровица, како и на министерот за култура на Србија, Владан Вукосављевиќ, кој требаше да посети манастири во Косово.

Српскиот Советот за национална безбедност е тело на чии седници се разгледуваат прашања и се носат решенија од областа на одбраната, внатрешните работи и дејноста на службите за безбедност, како и за состојбата во Косово, борбата против организираниот криминал и мигрантите.

Членови на Советот се шефот на државата, претседателот на Владата, министрите за одбрана, за внатрешни работи и за правда, началникот на Генералштабот на Војската на Србија и директорите на безбедоносно-разузнавачките служби БИА, ВБА и ВОА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.