Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ замина од Брисел, до вечер ќе соопшти дали ќе оди на Косово

1
By Нова ТВ on September 7, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја заврши средбата со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и се враќа во Белград, јави Танјуг.

Вучиќ си заминал од зградата каде што се наоѓа седиштето на европската служба за надворешни работи во Брисел и веднаш се упатил кон аеродром од каде ќе отпатува за Белград.

Состанокот на Вучиќ со Могерини траел повеќе од еден час.

Српскиот претседател до вечер нема да и се обраќа на јавноста, а се уште не донел ниту одлука дали ќе се откаже од посетата на Косово, поради, како што кажа директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ,  „сите измами, закани и лаги на косовските Албанци“.

Приштинската делегација се уште е во седиштето на европската дипломатија.

Могерини по одделните средби со Вучиќ и Хашим Тачи изјави дека ќе предложи нова средба на високо ниво во рамки на дијалогот за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово пред седницата на Генералното собрание на ОН.

– Ќе свикам средба на високо ниво во Брисел во рамки на дијалогот пред седницата на Генералното собрание на ОН, за да ги обединам двете страни заради продолжување на работата на содржината на договорот за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово, рече Могерини.

Таа истакна дека верува во постигнување договор помеѓу двете страни во наредните месеци.

Вучиќ одлучил денеска да не разговара со претставници на Приштина во Брисел.

Во седиштето на европската служба за надворешни работи во Брисел, по биратералниот состанок на српскиот претседател и високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини, требаше да се одржи и заеднички трилатерален состанок на Вучиќ, Могеrини и косовскиот претседател Хашим Тачи.

Според Марко Ѓуриќ, директор на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Вучиќ одлучил да го стори тоа поради  „сите измами, закани и лаги на косовските Албанци“.

Ѓуриќ нагласи дека Белград сака да го зачува мирот, но не може да прифати закани и да се забрани посетата на претседателот на Србија на Косово.

Тој исто така истајкна дека беа направени несоодветни обиди да се прикријат разговорите и обидите на (Хашим Тачи) Прешево, Медвеѓа и Бујановац да бидат прикажани како дел од територијата на Косово.

– Единствената територија за која треба да се разговара е територијата на Косово, додаде Ѓуриќ.

Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија изјави дека во тимот на претседателот поделени се мислењата дали Вучиќ треба да оди во посета на Косово.

– Ако оди сигурно ќе го посети езерото Газивода, нагласи Ѓуриќ.

Доведена во прашање посетата на Косово

Медиумите денеска објавија дека Вучиќ вчера наредил на армијата, а потоа побарал од полицијата и од разузнавачката агенција да прекинат секаква комуникација со косовската полиција, КФОР и кои било албански и меѓународни претставници кои се активни на територијата на Косово, по повод неговата посета.

Вучиќ вчера требаше да донесе одлука за можно заминување во посета на  Косово, а според српската агенција, меѓу неговите соработници има целосна поделеност за прашањето за посетата на Косово.

Посетата на претседателот на Србија, претходно најавена за  утре и задутре, ненајдено беше доведена во прашање по информациите дека Приштина има намера да го спречи да ја посети Газивода.

Зошто Газивода е значајно

Тоа езеро и хидроцентралата, како и трафо-станицата Валач се клучни енергетски ресурси на северот на Косово во сопственот на српското Електростопанство. Според проценките, Газивода има приходи од десетина милиони евра годишно.

Дел од неговиот систем е и каналот Ибар-Лепенец кој е витален за цело Косово, почнувајќи од снабдувањето со вода, до наводнувањето и ладењето на Термоелектраната „Обилиќ“. Доколку едната страна ги запре славините, тоа практично би го парализирало енергетскиот систем на Косово.

Албанската страна во текот на јуни го доведе под прашање техничкиот дијалог бидејќи инсистираше на примена на енергетскиот договор, додека српската страна го форсираше воспоставувањето на Заедница на српски општини. Доколку енергетиката е точка број еден, Газивода е клучен дел од таа загатка.

Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели вчера изјави дека може да се случи на претседателот на Србија да му биде забранет влез на Косово.

– Не знам дали Вучиќ доаѓа на Косово, му дадовме дозвола, но со деструкција на стабилноста на Косово таа се доведува во прашање. Друга причина е – нема зошто да оди на Газивода и не знае дали ќе доаѓа, изјави Весели.

Оперативна група  на британската разузнавачка служба МИ6 завчера од Македонија е префрлена на Косово и тоа поради најавената посета на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тоа го тврди српскиот весник „Новости“ повикувајќи се на извори од разузнавачките служби.

Според весникот, посетата на Вучиќ е високоризична и за неа, политички и безбедносно, се заинтересирани разни структури не само од Балканот, туку и од светски центри на моќ. Посебно се ангажирани британските разузнавачки служби чии оперативци веќе подолго време имаат засилени активности на овие простори, тврди весникот.

Според нивни информации, за дводневната посета на Вучиќ на Косово ангажирани се сите српски служби за безбедност. Трасите по кои ќе се движи Вучиќ и сите места за посета ги обезбедува КФОР и косовските полициски сили. За целото време на посетата постојано ќе бидат ангажирани и два хеликоптера на КФОР.

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, рече дека безбедносната ситуација, кога станува збор за посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ на Косово, „не е идеална”.

Тој изјави за Радио-Телевизија на Србија дека Вучиќ не се плаши да оди во Косово и да зборува со српскиот народ.

– Вучиќ оди на Косово за да влијае на тоа да се постигне мировен договор. Оди да се утврди стабилноста и мирот во регионот, и соочен е со опструкција на посетата и отворени закани, рече Дачиќ.

Министерот Дачиќ рече дека косовските закани се „празни” и и порача на Приштина „да не си играат со оган” кога станува збор за посетата на Вучиќ на Косово.

Запрашан за мотивите на Приштина да не го пуштат Вучиќ во Косово или да го посетат Газивода, Дачиќ рече дека тие не сакаат постигнување мировен договор и дека во тоа учествуваат влијателни земји на Советот за безбедност на ОН, кои не се Русија, САД и Германија.

– Важно луѓето од меѓународната заедница да видат со какви лудаци си имаме работа. Какви луѓе се тоа кога некој ќе оди во посета на мирот, му се закануваат на претседателот на Србија, го ограничуваат неговото движење”, нагласи Дачиќ.

 

Вучиќ Косово Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.