Владата на Србија во наредните неколку денови ќе се изјасни за барањето на Жалбениот совет при Хашкиот Трибунал кој бара враќање на Воислав Шешељ во Хаг, порача денеска премиерот на Србија, Александар Вучиќ.
– Нема да ја сокријам лутината за неморалната одлука која ја донесоа. Наредните денови ќе се изјасниме подетално, изјави Вучиќ.
Од друга страна освен тој, и други политичари изразија незадоволство за оваа вест, меѓу кои и министерот за надворешни работи и поранешен премиер на земјата Ивица Дачиќ.
Дачиќ вели Србија не била информирана ни пред ослободувањето на Шешељ ни сега кога го бара назад.
Тој напомена дека српското МНР не добило никакво известување.
– Кога официјално ќе добиеме известување, ќе се изјасниме за понатамошните постапки, порача Дачиќ.




